Вкупно 83 филмови од 27 земји ќе бидат прикажани на Астер фест Независен филм и видео фестивал, кој ќе се одржи во Струмица, од 26ти до 29ти мај.
Иако ова е само втора година кога се одржува, веке стана познат и реномиран кај оние за кои и е наменет: автори од југоисточна Европа. 218 филмови биле пријавени, од кои 83 ке бидат прикажани. Од оваа година фестивалот е збогатен со категоријата а документарни филмови, што сведочи дека ги следи светските трендови. Оваа година 10 филмови, вклучувајќи го и номинираниот за Оскар босански филм „Целосно лично“ од Неџат Бегович, минатогодишниот најдобар унгарски документарец „Нов Елдорадо“ од Тибор Кочис и нов филм на веке наградуваната Зорица Софија, „Смрт и се друго од порано“ кој ќе се бори за златна, сребрена или бронзена потковица. Други филмови од главната категорија се: „Севдаш - невеста коај трае“ од Мира Ердевички, продукција на BBC, „Соња и Марко во истиот Блисток“ од Соња Благоевич и „Животите на Коста Хакман“ од Зоран Стефанович, Турскиот филм посветен на „Бела Барток,1936“ од Сезгин Турк, како и многу други. Фестивалот е поделен на седум програми: Астердокс, Балканска фикција, една жена - еден филм, човечки права, Мари Дионс, Летачка земја и Посвети. Астерфест ќе го награди нашиот доајен Бранко Гапо со интернационалната награда за најголем достиг во авторски филм. Трудејќи се да прикаже повеќе и поквалитетни филмови, фестивалот ќе направи ретроспектива на успешни филмови од регионот. Овој пат на време Ве информиравме, но сега, претпоставувам ќе нема влезници, се ќе биде распродадено. Сепак, се надеваме да Ве видиме таму!
 Коментирај прв | |
Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари. Логирај се или регистрирај се. Powered by AkoComment Tweaked Special Edition |