|
6.07.2008. |
Најтешкиот дел од денот е утрото т.е будењето. А бидејќи по утрото се познава денот, еве неколку совети за како да имате убав ден.
1. Ладна вода Миењето лице и заби е обавезно за почеток. Самиот звук на вода која тече делува „разбудително“, така да не го пропуштајте овој „ритуал“.
2. Топла напивка Кафе, чај, какао...било што. Сепак ова одзема десетина минути сон, но ...вреди да се жртвува. Количината на шеќер цеднаш ви го покачува адреналинот и ве буди. Освен тоа, мирисот на кафето е најдобриот мирис кој сам по себе ви сигнализира дека цел свет е на нога и ужува во своето утринско будење. Добра мотивација за почеток на денот.
3. Будење! Малку за најтешкиот дел. Утринскио будилник, со звук кој длабоко ве погодува секое утро, може да биде заменет со некоја лесна мелодија од мобилен. Но, не премногу лесна да ве поттикне на пријатен сон. Многу често, подобра пракса е да ставите некоја тешка мелодија, а мобилниот го оставите на другиот крај на собата, така што би морале да станете од кревет. Ова не е препорачливо ако не сте единствени кои го слушаат. Сепак, нека уште една мотивација за кревање од креветот ви биде утринското кафенце и уште еден совршен де. Carpe diem :)
4. Спремете си го креветот Знаеме дека звучи полесно отколку што е, но дури и според Фенг шуи, најважно е ова да се заврши, бидејќи ова е првиот предизвик од денот и со успешно совладување на оваа задача ви претстои успех и на другите полиња.
5. Вежбање или пешачење Ако имате време, препорачуваме неколку утрински вежби, или барем пешачење или возење велосипед. Тое е одличен начин да почнете да размислувате и концентрирате на дневните обврски кои ве чекаат, но и одлично е за кондиција и здравје.
6. Музика Вашата омилена музика на дискмен, мп3 плеер или радио, многу помага при будење, а и општопознато е дека музиката не прави поопуштени и пооптимистични и ведри.
7. Читање весник Добар совет е и додека чекате да имате при рака некое списание или весник. Таму секогаш има занимливости и вицеви кои ќе ве насмеат и расположат, така што цел ден ќе бидете насмеани. А ако тој ден нешто не ви оди, сетете се на вицот од претходниот ден.
8. И најважно Пред излегување, бидејки компјутерот веќе ви е е вклучен за музика додека пиете кафе, обавезно погледнете дали има нешто ново на Cafe.com.mk и напишете збор два на форумот :)
 Коментирај прв | |
Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари. Логирај се или регистрирај се. Powered by AkoComment Tweaked Special Edition |
|
|
|