|
Следниве упатства се за како да прежвеете во хорор ситуации, односно може да се однесуваат за било кој лик во хорор филм. Ако се придржувате можеби и ќе преживеете... барем до следното продолжение.
1. Не го пребарувајте подрумот, особено не додека снемало струја. 2. Не читајте на глас книга за повикување демони. Дури ни за шега.
3. Ако Вашите деца или блиски почнат да зборуваат на Латински или друг јазик кој не го владеат, или ако зборуваат со глас кој не е нивни, веднаш убијте ги. Ќе си заштедите време за во иднина. А и не дека лесно и брзо ќе ги убиете, така да спремете се.
4. Ако Ве има повеќе, не делете се и не движете се сами. 5. Знам дека Ви е задоволство ако успешно решавате загатки. Но, не правете го тоа ако отвараат врати кон пеколот. 6. Никогаш не одмарајте до, над, покрај, под или било каде близу гроб или други остатоци од умрени. 7. Ако домашната опрема почне да функционира без ваша контрола, напуштете ја куќата веднаш. (Освен ако Ви ги пере и пегла алиштата). 8. Имајте во предвид дека ако бегате од чудовиште секако ќе се сопнете барем два пати (или повеќе ако сте женски род). И освен тоа, иако Вие бегате брзо... чудовиштето секако ќе Ве стигне, иако едвај се движи. Смислете план Б. 9. Ако не знаете што да правите, тогаш потрудете се да ги послушате оние кои го гледаат филмот. Најчесто се многу попаметни од Вас. А плус и знаат кој е убиецот и каде се крие. 10. Ако наидете на напуштен град, сигурно е напуштен поради причина. Не правете се паметни да испитувате зошто! 11. Ако случајно преживеете, во никој случај не се осудувајте да потпишете договор за втор дел. Ќе Ве скинат уште првите 5 минути.
 Коментирај прв | |
Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари. Логирај се или регистрирај се. Powered by AkoComment Tweaked Special Edition |