Што има на мени
Почетна
Забава и Хумор
Љубов или Секс
Здравје, Исхрана, Стил
Музика и Филм
Cool-тура
Види, слушни, играј
Шо(у) Бизнис
Фото
Спортско игралиште
Финта
Хард-Технологија
Софт-Интернет
Разно
Маде ин Струмица
Од Вас За Нас
Вести
Специјалитети
Форум
Галерија
Календар
Лајв чет
Бизнис Именик
Пребарување
Календар со настани
« < Јануари 2009 > »
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1
Нема настани
Да се преброиме
Имаме 39 гости на оваа страница
Логирање овде





Си ја заборави лозинката?
Сè уште не си регистриран? Регистрирај се!
Слични вести
Упатство за брак!
Оценка: / 11
ЛошоНајдобро 
28.02.2008.

brak Еден пријател беше на двонеделно патување низ Европа со девојката. Само, со мали „недоразбирања“.

Не му се допаѓала фризурата која ја направила специјално за патувањето. Таа, пак, имала забелешка на неговите очи кои непрестано „скитале“ по улиците на Париз. Откако се врати дома, бара совет од близок пријател (кој сигурно не сум јас), што да прави.
Советот е следниот: Секоја врска има пречки. Тоа или ја уништува врската или ја прави уште појака. Ако ја уништи, значи не било судено. Ако успеете да пробуткате, ќе биде уште појака.
Е тоа, остана врежано во моите мисли долго време.Делумно затоа што тој истио тој другар е сеуште со истата девојка, после долги години брак. Претпоставувам, пречките ја направиле нивната врска уште појака. Што ја прави разликата за мојот пријател и за сите мажи воопшто, кога ќе дојде пресуден момент? Еве неколку мислења...


Упатство број еден: (не)ограничени
Мажите ги сакаат сите нешта што доаѓаат со бракот - друштво, сигурност, гаранција за чиста постелнина и причина да бидат сменети. Но, една од причините кои ги плашат е ограниченоста.
Иако повеќето од мажите знаат дека со бракот нема да можат да се забавуваат шест дена неделно, како порано, но сакаат да ја имаат подршката и дозволата да гледаат фудбал од време на време и да испијат по некое пивце, да се осеќаат слободно барем делумно кога веќе доброволно се имаат откажано од својата независност.

Упатство број два: Најдобар, но не и неопходен
Има неколку нешта кои се позитивни кај мажите кога жената прави да се чувствува како еден и единствен. Има неколку нешта кои се негативни кај мажите кога жената прави да се чувствува како еден и единствен.
Да. И двете се исти. Но различни.Се зависи од тоа колку мажот и жената се рамноправни во обврските. Ако се исти, полесно стануваат појак пар. Ако еден од нив е послаб или неснаодлив, може да ги повлече и двајцата. Значи доделувајте му комплименти на партнерот, но не се поставувајте како цел свет да се врти околу него/неа.
Партнерот знае дека не е така. Затоа и ќе се посомнева во вашата искреност. Посебно во почетокот на врската. Не е на одмет за почеток да знае дека е поинтересно со него/неа, но може да се живее и без него/неа. Лесен пристап на почеток ќе створи цврста врска понатаму.

Упатство број три: Имагинација
Во денешно време, се ствара голема тензија демек мажите се плашат од успешни жени. Дека се чувствуваат исплашени од жени кои прават повеќе пари и се помоќни. Јас би рекол....пфффффф.
На мажите им се предизвик жени со високи цели, идеали, сонови и имагинација. Бидејќи кога жената е мотивирана, тоа значи дека напредува, а заедно со неа и цела фамилија.

Упатство број четири: Ромео и Јулија
Не дека треба да се преправаме тоа што не сме. Но, има нешто возбудувачки во партнер кој знае да се прилагоди во одредени ситуации, како камелеон - забавен, но имагинативен во кревет, а сепак шармантен на фамилијарни средби.
Како се во едно е кога жената умее да ги исполни улогите на сопруга, мајка, шефица, другар, соседка... Не е да се бара премногу, нели?
Покажете му дека го имате тоа во себе и врската ќе трае многу.


  Коментирај прв
RSS коментари

Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари.
Логирај се или регистрирај се.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition

 
< Претходно   Следно >
Случајна слика
форум
galerija
cafe music
 
 
Со Нас на Кафе се:
Zapoznavanje
Clubbers Guide
Одбери едно
Линк пријатели
Синдикација