Што има на мени
Почетна
Забава и Хумор
Љубов или Секс
Здравје, Исхрана, Стил
Музика и Филм
Cool-тура
Види, слушни, играј
Шо(у) Бизнис
Фото
Спортско игралиште
Финта
Хард-Технологија
Софт-Интернет
Разно
Маде ин Струмица
Од Вас За Нас
Вести
Специјалитети
Форум
Галерија
Календар
Лајв чет
Бизнис Именик
Пребарување
Календар со настани
« < Јануари 2009 > »
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1
Нема настани
Да се преброиме
Имаме 33 гости на оваа страница
Логирање овде





Си ја заборави лозинката?
Сè уште не си регистриран? Регистрирај се!
Слични вести
Не заборавајте на заштита
Оценка: / 5
ЛошоНајдобро 
19.04.2008.
zastita Сексот е нормален дел од животот на секоја психички и физички здрава личност. Но, добро размислете...

дали вреди да ризикувате и да не се одлучите за заштита/контрацепција. За жал, тоа може да ве чини несакана бременост, венерични болести и многу други незгоди. Тоа може да ви се случи ако не сте доволно информирани. Еве неколку информации во ваш прилог.

1. Прв пат

12% од девојките и 15% од момчињата не користат заштита при првиот сексуален однос. Тоа е поради причина што се се случува спонтано и неприпремено. Затоа, за да не ви се случи тоа, без разлика дали сте момче или девојка, со вас, секогаш носете презерватив. Никогаш не се знае кога ќе ви притреба. Можноста да се забременее од прва пат е иста како и од трет пат или стоти пат.

2. Сида

Лек за сида, за жал, нема. Секогаш постои ризик да се добие. Особено ако не ја познавате доволно личноста со која стапувате во сексуални односи. Девојки, без разлика дали користите контрацепциски пилули, фластери или други контрацепциски средства, ако стапувате во сексуален однос со личност која не ја познавате доволно, обавезно носете кондом.

3. Малолетничка бременост

Проблемот со малолетни мајки е се почест и кај нас. Статистиките кои укажуваат на бројот на абортуси на девојки од 14 до 19 години е запрепастувачки. Мајчинството може да ти промени многу планови. Остави го за позрели години.

4. Други полово преносливи болести

Постојат многу други болести кои се пренесуваат со сексуални односи:

Генитален херпес - неуништив вирус
Гонореја - притаена опасност
ХПВ - предизвикувач на рак
Кандидијаза - честа незгода
Кламидија - тивок непријател на плодноста
Сифилис - од чир до лудило
Трихомонијаза - закана за бременоста

 Многу мислат дека овие болести се исчезнати, но не е така. Не заборавајте дека некои од овие може да ве пратат до крајот на животот.

 5. Еднаква одговорност за двајцата

Девојката користи пилули, па момчето не мора да носи ништо. Тој користи презерватив, па девојката не мора да се грижи. И двете се неточни. И двајцата имаат задача. Тој секогаш мора да користи презерватив. А ти, ако не користиш контрацепциски средства, планирај на плодни и неплодни денови. Така и двајцата ќе бидете сигурни и до следната менструација нема да живеете под стрес.


  Коментирај прв
RSS коментари

Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари.
Логирај се или регистрирај се.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition

 
< Претходно   Следно >
Случајна слика
форум
galerija
cafe music
 
 
Со Нас на Кафе се:
Zapoznavanje
Clubbers Guide
Одбери едно
Линк пријатели
Синдикација