|
20.10.2007. |
Зошто некои врски се поискрени од другите? Зошто некои парови се отворени едни спрема други, а некои преферираат да го лажат партнерот? Никој не заслужува да биде лажен, но сепак, жените често го прават тоа, а и мажите не се нешто подобри.
Довербата е нешто што се гради со тек на времето. Ако не работите на тоа доволно, вашата жена може да ве лаже. Често пати се користат таканаречени „Бели лажи“, оние наменети да ве расположат или подобро да се осеќате. Жените како „Нежни суштества“, лажат за да го поштедат својот маж.
Ова се неколку од најчестите женски лажи кои морате да ги знаете. Кога ќе ги слушнете бидете свесни што всушност значат.
Ти си совршен. Те сакам таков каков што си и ништо не би променила кај тебе. Сериозно, никој не е совршен. Можеби во почетокот на врската кога не ве знаат доволно. Но подоцна, обавезно ќе имаат забелешки кои не ги изнесуваат.
Во право си. Секоја дискусија со партнерката се завршува со тоа. Тоа ве прави среќни, но треба да знаете дека ова е лага. Сигурно не ни размислувала во можноста да сте во право, туку само автоматски, да би ве замолчила. Најверојатно веќе го има постигнато тоа што го сака и сега и не е битно што ќе каже дека сте во право, а и да не сте, знае дека покасно ќе сфатите како стојат работие и ќе чека извинување.
Се е во ред. Најчеста лага кај жените е „добро сум“, која ја добивата кога ќе прашате дали е се во ред. Кога е вознемирена, чудно се однесува, или не сака да разговара со вас, природно е да прашате такво прашање, но не очекувајте искрен одговор. Жените не сакаат да ја кажат прават вистина, а очекуваат вие сами да сватите што не е во ред. Чудно, нели?
Обожавам спорт. Можеби во почетокот ќе се согласува и ќе останува со вас дома да гледате фудбал, но тоа никако не значи дека ужива во тоа. Свесно прифаќа такви работи, за да ви докаже дека е разлчна од другите и дека имате заеднички точки од интерес. Додека сте вие пресреќни што сте пронашле совршена девојка, таа ќе почне да гњави додека гледате тв.
Сакам да минувам време со твоите пријатели. На почетокот на врската тоа нема да и претставува проблем, но покасно се ќе се промени. Иако ви се најдобри пријатели, таа ќе очекува целото време да го минувате со неа. Ако тоа не ви го каже, тогаш ќе замота нешто во тој контекс. А кога ќе го намалите дружењето со нив, ќе почне да се претвара дека ужива во нивно друштво.
Твојата фамилија е супер. Обожавам да сум со нив. Вистина? Можеби два пати месечно. Дали можете да поверувате дека ужива кога секој нејзин чекор е преиспитуван, секој збор се следи и потајно ја критикуваат? Нема да има проблем да биде со нив кога е неопходно, но да го прави тоа со задоволство...малку тешко.
Парите не се важни. Дали верувате во ова? Сите знаеме дека е лага. Сите жени сакаат маж кој е финансиски стабилен и независен, кој ќе и ја осигура иднината. Не значи дека морате да бидете богати за да имате девојка, но да имате пари, морате.
Одличен си во кревет. Ако ја започне оваа приказна без пред тоа вие да ја прашате, тогаш имате причина да не и верувате. Жените кои се длабоко заљубени во партнерот, кажуваат нешта што тие сакат да ги слушнат, да би се осеќале подобро. Значи понекогаш има вистина во тоа. но размислете за својата девојка, вашата врска и сексуалниот живот и проверете дали навистина заслужувате толку комплименти.
Не грижи се, секому може да му се случи. Ако направите некоја грешка во нешто или барем еднаш не се покажете во кревет, оваа лага сигурно ќе ја слушнете. Не сака да ви покаже колку е вознемирена, или лута, па зборува едно а мисли друго. Единствено што ви останува е во иднина да не правите грешки. :)
 Коментирај прв | |
Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари. Логирај се или регистрирај се. Powered by AkoComment Tweaked Special Edition |
|
|
|