За некои мажи, Вашето тело е мисловна именка. Се мислат каде и како треба да Ве допираат. Еве Ви совети.
Повеќе од половината мажи сметаат дека клиторисот кај жената се наоѓа длабоко во вагината. Ти што мислиш? :) секако дека е погрешно. Можеби и нема да Ве шокира што најверојатно и сте биле со момче кое не знае ниту како да ја прикрие својата збунетост и незнаење. Од каде овие проблеми? Е па може да ги обвиниме сите оние машки приказни во соблекувална или бивши девојки кои глумеле за да не мора да објаснуваат. Дури и кога некој ќе успее да допре до оваа важна зона на задоволството, може да не и обрати доволно внимание, бидејќи му е незгодно детално да Ве испитува, таму долу, или едноставно не знае како вистински да Ве допре. Ај за овие случаи да не се лутат...демек, нека е оправдано бидејќи беше темно :). Сепак, ако Вашиот дечко е неук...не го отфрлајте веднаш. Има начини да се научи како да направи да Ви се стегаат прстите на нозете. Пробајте:
Техники кои ќе Ви создадат грчеви од задоволство
Центрирајте го неговиот допир
За време на предигра, водете му ја раката до Вашиот клиторис и покажете му како да Ве допира со ритамот и притисокот кој Вам Ви одговара. Мажите се сконцентрирани на целта, така да, често пати мислат, побрзо и појако работење, појак оргазам. (Жените имаат други начини како да дојдат до целта без повеќе работење :)). Не е толку едноставно. И затоа Вие треба да го поставите ритамот. Пробајте да го притеснете Вашиот клиторис со неговиот прст, неколку пати и потоа направете неколку кружни движења да ги допрете Вашите нерви. За додатно задоволство, свртете се еден кон друг и со врвот од неговиот пенис допрете го клиторисот и покажете му како треба.
Коментари
Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари. Логирај се или регистрирај се.